Ефтинија Импек почна во 1990 година во Скопје, во Серава, со две вработени и мала продавница за градежен алат. Триесет и пет години подоцна имаме магацин од 20.000 m², над 130 вработени и повеќе од 11.000 производи од седум земји.
Нашата работа е едноставна: да има доволно алат, на вистинското место, во вистинско време. За продавниците значи редовна набавка без прекини. За мајсторите значи дека моделот што им треба не чека три недели.
INGCO е дел од нашето портфолио заедно со уште десетина брендови за хардвер, мебел и градба. Но алатот е она по што најмногу нè препознаваат — затоа му посветивме посебен каталог.
Што правиме за INGCO во Македонија
- Увоз и дистрибуција. Директни набавки од INGCO, царинење, магацин и достава до продавниците.
- Гаранција и сервис. 12 месеци гаранција и локален сервис во Скопје — без испраќање во странство.
- Подишка за продавачите. Изложување, каталози, обука за продажба и залиха што одговара на побарувачката.
- Информации за крајните купувачи. Овој каталог е нашиот одговор на прашањето „што точно има и каде да го најдам“.
Контакт
Ефтинија Импек ДООЕЛ
Качанички Пат 260, 1000 Скопје
Телефон: +389 2 260 2840 ·
+389 70 547 755
Е-пошта: info@eftinijaimpex.mk
Compact Brushless Cordless Drill